Македонија
6. July 2019 - 16:27

Општина Струмица ќе гради нова градинка

Во капацитети наменети за 670 деца градинките во Струмица згрижуваат двојно повеќе.   Од установата  информираа дека проблемот го решаваат со добра организација, но имало случаи кога биле принудени да прават и листи на чекање. Деновиве од општината најавија дека овој проблем конечно ќе биде решен, а чекање за прием во градинка повеќе нема да има. Со грант од министерството за труд и социјална политика ќе се гради нова градинка. Планирано е да биде на просторот од поранешната касарна и да има капацитет за 250 деца.

,,Градежната парцела има површина од 7.400 метри квадратни, со максимална површина за градење од 1.800 метри квадратни. Објектот на градинката, кој што е проектиран е со габарит од 1.400 метри квадратни кој што дозволува поголема слободна неизградена површина на градежната парцела.,, вели Софија Ристова 

Од секторот за локален економски развој и заштита на животната средина информираа дека освен во градот  проекти од областа на детската заштита работаt  и во селата. Муртино и Куклиш се првите места од општината во кои наскоро ќе започнат со работа детски градинки.

,, Преку проект од ИПА ЕУ фондовите добивме грант од 120 000 евра и наше учество од 1.300.000 денари беа адаптирани постоечките капацитети  каде што беа порано сместени поранешните општини на Муртино и Куклиш. Така да водиме грижа  како за градската средина така и за населените места.,, вели Никола Годев раководител на сектор за локален економски развој и заштита на живтона средина Н

Паралено со изградбата на новата,  ќе се реконструира и еден од постоечките клонови на градинката Детска радост. За овој проект веќе била во тек тендерската документација по добиен проект од УНДП со кој е планирано доградба и реконструкција  на објектот.