-->
-->
Општина Росоман ќе гради тротоари крај магистралниот пат Градско Прилеп
-->
Општина Росоман обезбеди пари за изградба на тротоари крај магистралниот пат Градско-Прилеп во делот што поминува на нејзина територија, информира денеска портпаролот на општината, Ѓорѓи Крстевски.
Во најскоро време, информира Крстевски, ќе се градат тротоари на улиците „Илинденска” и „Маршал Тито”, како и на крак од улицата „Пере Тошев”. Проектот се реализира преку Вардарскиот плански регион, со финансии од 6.351.183 денари обезбедени преку Министерството за транспорт и врски и Бирото за регионален развој.
- Заедно со изградбата на атмосферската канализација во тој дел за што општината ќе издвои милион и 700 илјади денари, ќе се докомплетира еден поголем проект од големо значење за росоманчани, рече Крстевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вулин и Шојгу: Зајакнување на соработката против „обоени револуции“
-
Сиљановска-Давкова се сретна со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ
-
МВР: Вчера најмалку се почитувале правилата за прописно паркирање - издадени 338 платни налози
-
39-годишна Словенка со три деца во кола пробала да внесе 23 кг. кокаин и оружје во Србија
-
Ново работно време на Отсеците за управни работи на МВР
-
Судот во БиХ утре ја објавува пресудата за Додик, тој најавува „радикални мерки“ ако биде осуден
-
Фон дер Лајен: ЕУ сака да биде партнер на САД во обезбедувањето праведен и траен мир за Украина
-
Кратово подготвува богата програма за прослава на денот на патрон-светецот, Свети Ѓорги Кратовски