Сиљановска-Давкова се сретна со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Кристина Николовска, информираат од нехзиниот кабинет.
Николовска, ја информирала претседателката за неодамна одржаната Петта зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, оценувајќи ја како исклучително успешна, како и за подготовките за претстојната Летна школа, што традиционално се одржува во Охрид.
Претседателката, пак, го поздравила формирањето на Координативно тело за подготовка на програмата за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот литературен јазик и потсетила дека годинава се навршуваат 100 години од излегувањето од печат на грчко-македонскиот АБЕЦЕДАР, букварот за македонските деца во Атина, Грција.
- На средбата се разговараше и за лекторатите и катедрите за македонски јазик. Професорката Николовска презентираше листа на постојни лекторати, оние со долга традиција, но и новоотворени, или возобновени, бројот на студентите во нив, реализираните активности и проекти, пројавените проблеми и дилеми и можниот начин за нивно решавање, се вели во соопштението од Кабинетот На Сиљановска Давкова.
За обете, иако Законот за употреба на македонскиот јазик е солидна правна рамка за развој на лекторатите и катедрите, потребен е стратешки пристап во промоцијата на македонскиот јазик и македонистиката, вклучувајќи ја и соодветната финансиска подршка на ангажираните, што ќе овозможи интерес за вклучување не само лектори туку и професори во наставно-образовниот процес.
Претседателката изразила отворена подршка и спремност за понатамошна соработка во ширењето на македонскиот јазик, литература и култура.
Ново на Сител
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“
-
Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најави министерката за образование Јаневска
-
МЖСПП: Милион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро
-
Платформата на “СКОПСКО” продолжува со својата мисија за заштита на нашите природни богатства
-
Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година
-
Поевтинува Мазутот, цената на бензините останува иста
-
На Санторини смирена ситуацијата со земјотресите, Мицотакис порачува дека Грција е безбедна земја