-->
-->
Општина Радовиш доби „Урбан ѕид“
-->
Младите од Радовиш денеска добија „Урбан ѕид“ на кој ќе можат да испишуваат пораки за заштита на животната средина и да цртаат графити со позитивна тематика.
Урбаниот ѕид, кој се наоѓа на спортско - рекреативниот центар "25-ти Мај", официјално го отворија директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначалникот општината Сашко Николов.
- Овој проект, кој го реализира Агенцијата за млади и спорт, е наменет за младите преку поддршката тие да се изразат на креативен начин, да се поттикнат да бидат креативни и пред сè преку можноста тие да имаат свој простор, кој од денеска ќе биде наменет за нивното креативно изразување. Проектов досега го реализиравме во десетина општини низ цела Македонија, а интересот се повеќе се зголемува, изјави Спасески.
Тој изрази надеж дека граѓаните и пред се младите луѓе позитивно ќе го прифатат проектот, чија основна цел е младите својата креативност да ја насочат во позитивна насока и да се одвратат од идејата да пишуваат графити каде било и со каква било содржина.
Градоначалникот Николов ја поздрави акцијата на Агенцијата за млади и спорт и информираше дека општината ќе определи дополнителни локации за креативно творење на младите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
30 години Сител со Цаци Паковска - Стилисимо
-
30 години Сител со Ивце Пивце - Ај ти замижи
-
Каква е безбедносната состојба во Македонија?
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, Претседател на движењето ЗНАМ
-
МВР ја објави кривичната пријава, Ковачевски осомничен за злоупотреба на 140.000 евра
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
Политички рекации
-
Ѓурчевски: Во МВР отсекогаш постоеле „кртови“, но денеска е полесно да се пронајдат