Општина Маврово и Ростуше доби финансиска помош од АФПЗРР
Општина Маврово и Ростуше доби финансиска помош од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и рурален развој (АФПЗРР) во вредност од 23,6 милони денари за подобрување на патната нфраструктура. За добиената финансиска поддршка градоначалникот Медат Куртовски бил информиран на денешната работна средба со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.
-На средбата градоначалникот беше известен дека Проектот за реконструкција и проширување на локалниот пат за Ростуше доби поддршка од 20 милиони денари и локалниот пат во село Присојница доби подршка од 3,6 милиони денари за реализација, информираат од општината.
Од таму додаваат дека двата проекта треба да се реализираат во оваа календарска година.
Ова се само дел од повеќето проекти кои се приоритет на локалната власт со цел подобрување на патната инфраструктура во општината, што ќе го олеснат функционирањето на траснпортниот систем, подобрување на условите на живот на жителите, преку обезбедување здрава вода за пиење, како и намалување на метежот и овозможување непречено движење во неколку населени места преку изградба на паркинг простори.
Ново на Сител
-
14 осомничени за пожарот во Kочани се во притвор, меѓу нив и екс министерот Бектеши
-
Уште 17 потешко повредени во текот на ноќта пренесени на лекување во Србија, Грција и Австрија
-
Бектеши и Трајковски на распит во Кочани
-
Почнува контрола на сите ноќни клубови
-
Бектеши сеуште во полициска станица
-
Одредени мерки притвор за осомничените
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца