Општина Кочани со бесплатен курс по сметководство
Општина Кочани почна со реализирањето на основниот курс за практично водење сметководство, примена на даночно законодавство и контрола на финансиски извештаи.
Курсот е бесплатен и е наменет за сите заинтересирани дипломирани економисти што сакаат да се стекнат со практично знаење од областа на сметководството и даноците, без оглед на возраста и на работното искуство.
- Во текот на обуката учесниците ќе добијат бесплатни консултации и помош во водење на сметководство во нивните деловни субјекти и практична обука на софтвер за водење на сметководство. Во краткиот рок за пријавување беше покажан голем интерес, така што наместо една, формираме две групи со по 30 слушатели, ни изјави Голубинка Георгиева од Одделението за јавни дејсности во Општина Кочани.
Курсот што организира Општина Кочани почна синоќа во просториите на СОУ„Љупчо Сантов“, а ќе трае до 22 март. Предавач ќе биде Васе Коцев, дипломиран менаџер по царина и шпедиција, овластен сметкводител од Министерството за финансии.
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам