Општина Кочани ќе продолжи со субвенционирањето на градскиот превоз
Општина Кочани и во наредната 2017 година ќе продолжи со субвенционирањето на градскиот превоз на патници што се реализира трета година. Ваква одлука донесоа членовите на Советот на општина Кочани на последната седница.
Со одлука на Советот на општина Кочани од 22 април 2014 година во Кочани е воведен градски автобуски превоз кој го користат жителите од повеќе населени места. Почнувајки од 8 часот наутро, па се од 18 часот навечер градскиот автобуски превоз сообраќа на релација населба Оризари, место викано Бавчалук до хотел Национал и обратно, со што е поврзан најголемиот дел од градот Кочани.
Во анализата која е направена и годинава за оправданоста на градскиот автбуски превоз на Кочани стои дека само во перидот од 1 јануари до 30 октомври годинава, оваа услуга ја користеле 7.159 патника, истакнуваат од општина Кочани.
„Авто атом“ наплатува билет по цена од 10 денари, а општина Кочани за секој продаден билет на „Авто атом“ му дотира уште 10 денари.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите