Општина Кисела Вода ја реконструира улицата “Пушкинова”
Oд утрово на терен се градежни екипи кои работат на улицата “Пушкинова”. Општина Кисела Вода, врши реконструкција на оваа фреквентна улица во чија непосредна близина се наоѓа ООУ “Кирил Пејчиновиќ”.
-Започнавме со гребење на оштетениот асфалт. Потоа тој ќе биде заменет со нов. Ги слушнавме нашите сограѓани кои секојдневно тука минуваат со возилата, движејќи се по дупки и различни оштетувања. Се работи за улица во централното јадро на општината, во близина на основно училиште. Оттука ја зедовме и како приоритетна за реконструкција. Во план ни се и многу други вакви фреквентни сообраќајници-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој присуствуваше на почетокот на градежните работи.
Согласно предвидената динамика за работа, целосната реконструкција треба да заврши за 10-тина дена.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење