-->
-->
Општина Кисела Вода додели 51 решение за легализација на дивоградби
-->
Општина Кисела Вода денеска додели 51 решение за легализација на дивоградби со што целосно се решени 5.387 барања за легализација од досега поднесените 13.855 барања.
Од општината информираат дека бројот на поднесени барања без геодетски елаборат изнесува 3.410. Изготвени се уште 243 урбанистички согласности, од кои, за 186 се чека уплата на надоместокот за да може да продолжи постапката за изготвување на решенијата за легализација.
- Општина Кисела Вода ќе продолжи да работи со несмалена динамика на заокружувањето на процесот на легализација и ги повикува сите граѓани кои ја немаат докомплетирано документацијата што поскоро да ја достават до административните служби, се наведува во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДУИ: Последици и незадоволство по укинување на балансерот
-
Анализа: Зошто булингот бележи тренд на зголемување?
-
Тема на денот со Константин Димитров, енергетичар
-
Алкалоид повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPHI
-
Прилепската болница е оставена со над 3 милиони евра долг
-
Студентите бараат дигитализација во јавните универзитети
-
Наместо оброк, Министеството за одбрана ќе им исплаќа надомест за храна на војниците
-
РЕК Битола не работи – трите блока надвор од мрежа