Општина Карпош додели 120 хуманитарни пакети за социјално загрозени семејства
Со врачување на 120 пакети со прехранбени продукти, облека и средства за хигиена, денеска се заокружи големата хуманитарна акција која Општина Карпош заедно со граѓаните и локалната администрација, ја спроведе по повод роденденот на општината 3. Ноември под мотото „Подај рака, донирај за твојот сосед“.
Пакетите на социјално загрозените граѓани во три урбани заедници „Карпош 2“, „Владо Тасевски“ и „Влае 1“, соопшти денеска Општина Карпош, им ги врачи градоначалникот Стефан Богоев, кој им посака во иднина да има што помалку лица кои ќе имаат потреба за ваква помош:
– Имавме навистина успешна донаторска акција, и мислам дека, од акција на акција, граѓаните на Карпош се сé похумани и искрено сакаат да помагаат. За жал, законските можности на општината за ваква поддршка се прилично лимитирани, но се трудиме сé што можеме ние, како локална власт, да го направиме за нашите сограѓани-максимално го правиме, трудејќи се да се најдеме и колку може да помогнеме, рекол Богоев.
Тој појаснил дека ова е еднократна поддршка, но, наскоро, потенцирал, влегуваме во нова календарска година и тогаш ќе можете да аплицирате и за еднократна парична помош.
– Интенцијата е на секој од вас, онаму каде што можеме да му помогнеме трајно да си го реши животното прашање со вработување на некој од вас, или на член од вашите семејства со што ќе обезбедите дополнителен приход кој ќе ви овозможи нормално живеење, порачал Богоев.
Помошник-раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес, Гордана Зафировска, посочи и на можноста за поддршката од општината за проекти на децата кои потекнуваат од семејства со материјални потешкотии. Освен тоа, подвлекува, на иницијатива на градоначалникот, на почетокот на учебната година преку општинската сметка обезбедени се 13 лични и образовни асистенти на семејствата чии деца имаат потреба од ваква помош во текот на школувањето, со што, сите семејства со вакви потреби во Карпош се целосно „покриени“ со ангажирање на локалната власт.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден