-->
-->
Општина Гостивар им се заблагодари на жителите на Ласкарце и на медицинскиот персонал
-->
Гостиварската локална самоуправа изрази благодарност до жителите на селото Ласкарце, до медицинскиот персонал и до сите оние кои на било кој начин помогнале во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот Скопје-Тетово.
Јавна благодарност е изразена и до сите кои деновиве испратиле телеграми и пораки со сочувство и желби за побрзо закрепнување на повредените.
– Општина Гостивар и градоначалникот Арбен Таравари на сите нив јавно им се заблагодаруваат. Во оваа прилика сакаме да им изразиме благодарност на жителите на селото Ласкарце, кои први им помогнаа на повредените, на медицинскиот персонал и на сите оние кои на било кој начин помогнаа во оваа трагедија да нема уште повеќе жртви, се вели во соопштението од општина Гостивар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Даниел Браун, директор на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје
-
Кратово достојно го одбележа празникот за заштитникот на градот - Св. Ѓорѓи Кратовски
-
Демохристијанската ЦДУ победи на изборите во Германија
-
Мицкоски очекува исклучително добри билатерални односи со новата власт во Германија
-
Три години од војната во Украина, можен ли е конечен мир?
-
Македонија коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина
-
Маркетите со задолжение да ги објавуваат сите цени секој ден
-
Минималецот ќе се зголеми за 2.000, синдикатот не верува дека ќе се исполни нивното барање