Општина Ѓорче Петров го враќа некогашното корзо
Општина Ѓорче Петров објави конкурс за избор на идејно решение за шеталиштето во реонскиот парк „Ѓорче Петров“ за дизајнирање четири типски монтажни објекти, за дизајн на урбана опрема (улични светилки и канделабри), за дизајн на клупи, корпи за отпадоци и заштитни столбчиња.
Како што соопштија од општината, проектната програма е поделена во две групи од по два дела, при што заинтересираните субјекти може да учествуваат со по еден труд за секој од деловите на конкурсот.
- Со проектот, некогашното корзо во Ѓорче Петров ќе им се врати на жителите од овој дел на Скопје, односно зад супермаркетот „Тинекс“ е предвидена мала чаршија со занаетчиски дуќани и кафетерии и амфитеатрална бина на потегот кон улицата „Ѓорче Петров“. Архитектите треба да обрнат посебно внимание на сочувување на постоечките дрвени насади во овој парк, наведуваат од општината.
Краен рок за предавање на идејни решенија е 13. април. Жирито ќе додели три награди (прва награда – 61.500 денари нето сума, втора награда – 40.000 денари нето сума, трета награда – 20.000 денари нето сума) и ќе откупи три идејни решенија (по 7.000 денари нето сума). Идејните решенија треба да се одликуваат со функционалност и применливост. Дополнителни информации за конкурсот може да најдете на веб страната на општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната
-
Зеленски ги посети украинските сили во близина на фронтот на југот од земјата
-
Директорот на БЈБ Александар Јанев учесник на второто Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции за земјите од ЈИЕ - СЕПКА
-
Влада: 250 евра ваучер за сите студенти за електронски уреди и 30.000 евра поддршка за новите бизниси за млади
-
Новите сириски власти на три месеци ќе ги „замрзнат Уставот и парламентот“
-
Синот на Трамп објави монтирано видео од неговиот татко како го клоца Зеленски во глава
-
Магазинот „Тајм“ го избра Трамп за личност на годината
-
Во израелски напади во Појасот Газа загинале 38 лица