Општина Гевгелија објви тендер за нов водоснабдителен систем
Општина Гевгелија денеска го објави јавниот повик за изградба на новиот водоснабдителен систем што ќе се реализира со подзаем од Светска банка и грант од ИПА програмата за прекугранична соработка.
- Со проектот се предвидува изградба на два нови бунари во бунарското подрачје кај Вардар, потисен цевковод и резервоар на Мрзенски рид со кои на подолгорочен период ќе го решиме снабдувањето на Гевгелија и околните места со квалитетна вода за пиење од регионалниот водовод, рече градоначалникот Иван Франгов.
Реализацијата на целиот проект, нагласи Франгов, изнесува 105,3 милиони денари од кои најголемиот дел или 70,8 милиони денари се подзаем од Светската банка, а 260.000 евра се грант од ИПА програмата за претпристапна помош за комунална инфраструктура.
Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање, како што е специфицирано во упатството на Светска банка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден