Општина Гевгелија најави потреба од ревизија на решенијата за данок на имот на правните лица
Само три правни субјекти во општина Гевгелија платиле три милиони денари данок на имот годишно, а во исто време сите други регистрирани правни субјекти заедно платиле, исто така, 3 милиони денари што според сопствената анализа на советникот Тихомир Ручкоманов, презентирана на последната седница на гевгелискиот Совет, не е реално.
Според неговото мислење, тоа не е логично, бидејќи, како што вели, постојат повеќе правни лица во општина Гевгелија кои имаат многу поголем имот од прикажаниот во решенијата за наплата, како и правни субјекти кои минатата година извршиле доградба на своите објекти, а сеуште во решенијата за наплата им стои старата ситуација.
За надминување на овој проблем, градоначалникот Сашо Поцков најави дека ќе се спроведе поголема акција од страна на општинските даночни служби како би се довел имотот на правните субјекти во реални рамки, најмногу од причина што базата на податоци за правни лица во општина Гевгелија датира уште од 2005 година и, како што вели, очигледно е застарена.
Ново на Сител
-
Тројца пациенти од Штип се носат на клиниките во Скопје
-
Отворени телефонски линии за донации за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
На кулата Белград им се оддава почит на жртвите во пожарот во дискотека во Кочани
-
Се бара краткотраен притвор за 10 лица, во дискотеката немало доволно ПП апарати и нема писмен договор меѓу организаторот и групата
-
Уште четворица пациенти транспортирани во Хрватска
-
Таравари: Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани надвор од државата
-
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица
-
ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани