Општина Чашка ги поддржува болните од пулмонална хипертензија
Општина Чашка во соработка со Асоцијацијата за пулмонална хипертензија „Момент плус“ на Република Македонија и Спортско планинарското друштво „Зелен рај“ од Велес на 21 и 22 мај организира планинарско искачување на врвот Кадиица, висок 1.500 метри.
На денешната прес-конференција градоначалникот на општина Чашка Горан Пановски информира дека веќе втора година ги поддржуваат членовите на оваа Асоцијација.
- Ја продолжуваме хуманоста кон болните од оваа ретка болест, а со цел да ги поттикнеме и останатите институции и општини во земјава за помош и поддршка на овие наши сограѓани во битката за подобро здравје, потенцира Пановски.
Ѓургица Ќаева, претседател на Асоцијацијата „Момент плус“ искажа благодарност до општина Чашка за поддршката и хуманоста.
- Нашата болест е таква што ние на моменти буквално остануваме без здив и без кислород, а општина Чашка има чист воздух и кислород за сите нас. Затоа се надевеме дека во иднина државата ќе ни помогне токму во еколошки чистата општина Чашка да се направи наш рехабилитациски центар, за подобро здравје и лекување на сите наши членови болни од оваа болест во земјава, потенцира Ќаева.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите