Општина Центар гради монтажна гаража во Буњаковец
Во близина на Трговскиот центар Буњаковец општина Центар гради монтажен јавен паркинг на еден спрат.
Со ова, како што посочуваат од општината, двојно се зголемуваат паркинг местата од 48 на 104. Гаражата ќе има површина од 1.850 метри. Сите жители од општина Центар кои имаат паркинг-налепница од ПОЦ бесплатно ќе можат да ја користат оваа гаража.
- Од новата монтажна гаража ќе имат бенефит жителите, но и персоналот и купувачите во Трговскиот центар, бидејќи ќе се надмине хаосот со паркирањето. Во пресрет им се излегува и на граѓаните од соседните згради. Имено, улицата „Владимир Полежановски" ќе стане еднонасочна, а тесното грло и сообраќајниот хаос ќе се реши со отстранување на паркинг местата од улицата, се вели во соопштението од општина Центар.
Монтажната гаража се гради од еколошки материјал. Станува збор за челична поцинкувана конструкција, составена од модули.
Ново на Сител
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани