-->
-->
Општина Битола со зголемен степен на транспарентност
-->
Општина Битола соопшти дека навременото објавување на информациите за работата и одлуките на локалната самоуправа, како посетеноста на веб страницата bitola.gov.mk, овозможиле општината да биде високо рангирана во однос на транспарентноста на таа локална самоуправа.
Од општина Битола информираат дека констатацијата е поткрепена од истражување на Центар за граѓански комуникации, кој битолската локална самоуправа ја рангирал на второ место во конкуренција на различни државни институции во Република Македонија.
- Активната транспарентност на општината ја зголемува нејзината одговорност, ги промовира принципите на добро владеење и интегритет. Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, нашата општина има 83,6 процентен индекс на активна транспарентност и не сврстува во првата група институции со многу добра транспарентност, се вели во соопштението од секторот за односи со јавност на општина Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ