Општина Битола со организирана забавна програма за дочек на Нова година
Општина Битола ја објави програмата за организиран дочек на Нова година која ќе се одржи на плоштадот „Магнолија“ во овој град.
Програмата ќе почне да се реализира на 29 декември со детската театарска претстава „Дружината на Лајко сезнајко и Дедо Мраз“, а во текот првиот програмски ден за најмладите ќе бидат одиграни и претставите „Налутениот Дедо Мраз“, „Новогодишни случки“ и „Новогодишна Сајбер збрка“.
Според востановената традиција, предновогодишната забава на плоштадот „Магнолија“ на 31 декември ќе почне со диџеите Рикардо, Кон Тру и Фанк Д Ап Бенд, а пред полноќ новогодишниот концерт ќе приреди етно пејачката Зарина Првасевда.
Во пресрет на новогодишно-божиќните празници и со финансиска поддршка на Општина Битола деновиве заврши новогодишното украсување на градот на различни локации.
Ново на Сител
-
Дејвис куп: Македонија стартуваше со максимални 3:0 против Малта
-
Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани
-
Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат
-
Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11
-
Црвениот тепих од Канскиот фестивал се продава по едно евро за килограм
-
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
-
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
-
ЈСП Скопје: Средношколците имаат право на бесплатен јавен превоз за време на летниот распуст