-->
-->
Општина Аеродром со поддршка за лицата со аутизам од здружението „Во мојот свет“
-->
Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин одобри 300.000 денари за Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и аспергеров синдром „Во мојот свет“ и најави продлабочување на соработката.
Како што информира општина Аеродром, градоначалникот се сретнал со претставниците на здружението и се запознал со нивните потреби. Здружението „Во мојот свет“ има потреба од финансиска поддршка за вработување две лица во втора смена за што градоначалникот Марин одобрил 300.000 денари. Марин се заложил да помогне и за простории кои му се потребни на здружението.Здружение „Во мојот свет“ за аутизам
- Ветувавме целосна поддршка и инклузија на лицата со попреченост и почнавме веднаш со работа во таа насока. Очекувам уште многу заеднички корисни проекти, со цел максимална инклузија за секој граѓанин, нагласил Марин на средбата.
Градоначалникот и претставниците на здружението дискутирале и за организирање меѓународна конференција за оваа проблематика.
Здружението „Во мојот свет“ веќе соработува со градинките и училиштата од општина Аеродром во сферата на едукација на кадри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија