Македонија
1. April 2018 - 15:20

Опожарено возило на паркинг кај ТЦ „Бисер“ во општина Аеродром

- На паркинг пред ТЦ „Три бисери“ во општина Аеродром е опожарено патничко возило „Нисан навара“ со скопски регистарски ознаки, кое според евиденцијата на Министерството за внатрешни работи е сопственост на А.С. (62) од Скопје, но во меѓувреме било продадено на Љ.Т. (59) од Скопје.

Пријавата за опожарувањето во Единицата за информирање и командување-Скопје е изутрина во 05:55 часот од страна на  Бригадата за против пожарна заштита, наведува МВР во редовниот Билтен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.