Опожарена куќа во кумановско Режановце, повреден сопственикот
Пожар избувнал во семејна куќа во кумановското село Режановце. Сопственикот се здобил со повреди и е пренесен на лекување на скопските клиники, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера околу 18:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Режановце, Кумановско, настанал пожар во куќа сопственост на Д.С.(34). Куќата целосно изгорела, а од пожарот Д.С. се здобил со повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, соопшти полицијата.
Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица Куманово. Според податоците на Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, пожарот избувнал во попладневните часови, а го гаселе две противпожарни возила со шестмина пожарникари од 18:18 до 20:40 часот.
Ново на Сител
-
Тим од медицинска сестра, социјален работник, психолог и физиотерапевт ќе посетува семејства од социјален ризик
-
Општина Босилово почна со рециклирање на текстилот
-
Преглед на вести од светот
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар