-->
-->
Опериран Федерер
-->
Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер, во вторникот го оперирал коленото за да ја санира повредата на менискусот. Федерер, со повредата се здобил по полуфиналниот меч со Новак Ѓоковиќ на Австралијан Опен.
„Сакам да ве известам дека вчера бев опериран. Го повредив коленото ден по полуфиналето на Австралија Опен. Кога се вратив дома направив некои тестови и установив дека менискусот е скинат“, напишал Федерер на својот профил на социјалната мрежа Facebook.
Поради процесот на рехабилитација тој ќе ги пропушти АТП турнирите во Ротердам и Дубаи каде лани ја освои титулата.
„Им се извинувам на пријателите во Ротердам и Дубаи, бидејќи многу се радував што ќе настапам на тие турнири. Иако ова е несреќен чекор наназад, охрабрен сум од тоа дека операцијата мина успешно. Веднаш започнувам со процесот на рехаблитиација и напорно ќе работам што побргу да се вратам на терените“, напишал Федерер.
Освојувачот на 17 Грен слем титули, се наоѓа на третото место на АТП листата, а настапот на првиот Грен слем во сезоната го заврши со поразот во полуфиналето од Новак Ѓоковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Четири рочишта против Мерко
-
Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики
-
Мицкоски следната недела ќе се сретне со синдикатот на УПОЗ
-
„Генерален штрајк“ во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот