Македонија
13. February 2016 - 14:36

Опасно поткопан асфалтот на улица во населбата Далјан во Охрид

Асфалтираниот пат во населбата Далјан во Охрид е поткопан, ерозијата предизвикува напукнувања на горниот површински слој, така што постои опасност од лизгање на земјиштето, а со тоа и опасност по пешаците и возилата што се движат кон хотелот „Далјан“.

Поради алармантната состојба во која се наоѓа улицата, Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата од Охрид, бара итна средба и координација со градоначалникот и надлежните служби во локалната самоуправа, јавните претпријатија, полицијата и на другите институции, со цел преземање активности за запирање на процесот на лизгање на земјиштето и ерозијата под асфалтната површина и целосно уништување на патот.