Македонија
22. October 2024 - 13:25

Седница на Централното претседателство на ДУИ

Демократската Унија за Интеграција, во понеделник, 21 октомври 2024 година, го одржа 16-тиот состанок на Претседателството на Генералниот совет (Централното претседателство). На оваа средба се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и регионот, како и за агендата на активностите во наредниот период.

Поточно, Централното Претседателство на Демократската Унија за Интеграција:

-Оценува дека одвојувањето на Република Северна Македонија од пакетот со Албанија на евроинтегративниот пат претставува лоша вест за земјата и за сите граѓани;

-ДУИ ги поддржува уставните измени согласно преговарачката рамка со ЕУ и ја повикува Владата без етнички легитимитет да покрене соодветна процедура за усвојување на измените во Собранието, во кој случај ДУИ ќе гласа за усвојување на истите час порано. Европската перспектива за ДУИ останува неоспорен приоритет и оваа позиција ја манифестиравме преку колективните оставки на министри во последниот мандат од причини за обезбедување на потребниот политички консензус, во кој случај докажавме дека за нас е поважна европската перспектива.

-Ги повикува сите парламентарни политички партии да го поддржат предлог-законот за ВЕТИНГ на ДУИ, правејќи го овој процес инклузивен и со кој ќе придонесеме за зголемување на кредибилитетот на граѓаните во правосудните органи;

-Повторно ја нагласува важноста на долгогодишната одлука на ДУИ  за целосни истраги над сите политички партии, без исклучок, во изминатите 33 години;

-Бара проверка и контрола на потеклото на имотот за сите носители на јавни функции во последните 33 години;

-Повторно ја нагласува потребата од целосна истрага на процесот на приватизација и транзиција заедно со олигархијата создадена од тој процес;

-Ја нагласува потребата од почитување на етничкиот легитимитет на изборниот процес и меѓуетничкиот карактер на институциите во согласност со волјата на гласачите и заедниците;

-Изразува загриженост дека меѓуетничките односи се нарушени од владините политики без етнички легитимитет;

-Апелира до блиските пријатели на нашата земја, до потписниците на Охридскиот договор – САД и ЕУ, за уште поголема посветеност во овој момент за доследно почитување на Охридскиот договор од страна на институциите создадени по последните парламентарни избори;

-Ја нагласува потребата од блиска координација со стратешките партнери во рамките на НАТО за безбедносните институции во земјата;

-Смета дека одлуката на Уставниот суд за укинување на декларацијата за етничка припадност е неуставна одлука и против Охридскиот договор. ДУИ ги демантира сите клевети на Владата без етнички легитимитет за наводна вмешаност на ДУИ во минатото во усвојување на акти каде се елиминира изразувањето на етничката припадност. Одлуката на Уставниот суд ги подели судиите по етничка линија при одлучувањето, враќајќи нè на етничка мајоризација од минатото. Уставот во минатото беше генератор на криза, затоа апелираме до македонските политички партии и меѓународниот фактор да не ги прекршуваат елементите на Охридскиот договор во Уставот на државата.

-Смета дека легитимитетот е национална обврска на сите избрани претставници, затоа уште еднаш упатуваме јавна покана до ВРЕДИ да се откаже од владата каде се понижуваат Албанците, додека ДУИ и Европскиот Фронт не се заинтересирани да учествуваат на таков формат на власта, напротив, потребно е единство за да се запре понижувањето што им се прави на Албанците и на другите заедници.

Централното претседателство на ДУИ ја прифати иницијативата на своите ограноци за одржување на состаноци на ограноците со отворен карактер, со присуство на народ, со присуство на граѓани, на кои ќе учествува и највисокото раководство на ДУИ. Средбите со ограноците со народот почнуваат од среда, каде што првата средба ќе се одржи во Липково во 19 часот, а потоа продолжуваат со втората средба што ќе се одржи во Сарај.

ДУИ