Македонија
11. July 2019 - 10:25

Оливер Спасовски - Има протоколи кои треба да се следат и тоа е работа на секој од кабинетите во Владата

Министерот за внатрешни не чувствува одговорност за скандалот со телефонските разговори во кои наседна премиерот Зоран Заев мислејќи дека разговара со  Петро Порошенко. Тој вели дека има протоколи и начин на кој комуницира секој носител на државна и јавна функција и треба да се следат тие протоколи.

„Вакви случаи има и во други држави не само во Македонија. Тоа не е нешто што е по директна контрола на МВР  туку е работа на вработените на секој од кабинетите на Владата. “ 

Спасовски не присуствувал на последната владина седница и незнае што е зборувано и какви заклучоци се донесени во однос на протоколите.

На прашање какви се безбедносните проценки по заканите од кичевчанецот Ел Чека дека „Ново Куманово среде Скопје“ Спасовски вели дека безбедносната состојба е стабилна, мирна и нема никакви индиции за нарушување на состојбата во целата држава.

Мирјана Давидовска