Оксфорд и Кембриџ се најдобри светски Универзитети
Универзитетите Оксфорд и Кембриџ се прогласени за најдобри Универзитети на светот според рангирањето на светските Универзитети за 2018 година.
Според ова најопсежно рангирање на водечките светски високобразовни институции кое опфаќа 1000 Универзитети за прв пат Оксфорд и Кембриџ се на првите две места.
Оксфорд и лани беше на водечката позиција додека Кембриџ годинава ја подобрил својата позиција за две места и сега е на второто место.
Според рангирањето кое што го мери квалитетот на предавањето, истражувањето, трансфер на знаење, број на научни цитати, приходи од индустријата и меѓународниот рејтинг, на најновата листа на трето место е Институтот за технологија во Калифорнија.
Понатаму на листата следуваат Стенфорд, МИТ, Харвард и Принстон.
На осмо место е Империал колеџ од Лондон а по него се Универзитетот од Чикаго, ЕТХ - Цирих и Универзитетот на Филаделфија.
На ранг листата меѓу првите 500 Универзитети нема ниту еден од Балканот.
Најдобро рангирана високо училишна установа од регионот е Универзитетот во Љубљана која ште рангирана меѓу 600 и 800 место.
Ново на Сител
-
Меџити во посета на депонијата Дрисла
-
Вработените во „Царинскиот терминал“ денеска излегоа на предупредувачки штрајк
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата