Свет
23. јуни 2017 - 12:24

ОН: Околу пет проценти од светското население користи дрога

Според најновиот извештај на Обединети нации, околу пет проценти од светското население користиле дрога барем еднаш во текот на претходната година, а речиси 30 милиони луѓе се зависни од наркотици и неопходно им е лекување.

Во годишниот извештај на Канцеларијата на ОН за наркотици и криминал се посочува дека во САД годишно околу 25 проценти од смртните случаи се поврзани со дрога. 

Според извештајот речиси 12 милиони ширум светот користат наркотици, 12,6 милиони живеат со ХИВ, а 6,1 милиони со хепатитис Ц.