Околу два милиони луѓе во Мека пред Курбан Бајрам
Околу два милиони верници се собраа во близината на Мека, Саудиска Арабија пред утрешниот муслимански празник Курбан Бајрам.
Верниците денот ќе го поминат во молитви на планината Арафат, која е опкружена од пустина. Муслиманите веруваат дека пророкот Мухамед на планината Арафат ја одржал последна проповед пред повеќе од 1400 години.
Сите муслимани се обврзани барем еднаш во животот да одат на аџилак во Мека.
Во Мека ќе пристигнат и шиитите од Иран по едногодишната пауза поради дипломатските несогласувања со регионалните ривали во 2015 година.
Пред одењето на планината Арафат, верниците мораат да изведат ритуалот таваф односно седумпати мораат да свртат околу црната ѕидана коцка свиткана во свилено платно навезено со злато, со стиховите на Куранот.
Минатата година верниците од Иран не присустуваа на аџилак, затоа што не успеаја да се договорат за безбедноста и логистиката.
Ново на Сител
-
Приведени 7 полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот