Свет
30. August 2016 - 9:27

Околу 6.500 бегалци се спасени во Средоземното Море за само еден ден

Италијанската крајбрежна стража соопшти дека вчера координирала со акција за спасување на околу 6.500 мигранти од брегот на Либија. 

Како што наведе на Твитер крајбрежната стража, командниот центар координирал 40 спасувачки операции, во кои учествувале бродови од Италија, како и европската гранична агенција Фронтекс. 

- Спасени се 6.500 мигранти, нагласи италијанската крајбрежна стража.