Околу 500 Mакедонци скокнаа по светитот крст во Копер
Околу 500 верници, најголем дел наши иселеници во Словенија скокнаа по светиот крст во Копер. Како што јави дописникот на МИА од Словенија, меѓу верниците кој влегоа во студентите води на Јадранското Море имаше и три жени.
Граѓаните најпрво се собраа во и пред храмот „Богојавление Водици” каде што се одржа света литургија по повод големиот христијански празник. Литургијата беше проследена со Литија, од храмот до морето.
Самиот чин на спуштање на крстот во вода се одржа на најголемата градска плажа во Копер, а го фати триесет годишниот Стефан. Среќниот Стефан доби честитки и од амбасадорката на Македонија во Словенија Сузана Зеленковска, која дојде во Копер да го проследи одбележувањето на христијанскиот празник.
Празнувањето на Водици беше организирано од повеќе здруженија на Македонците во Словенија и црковната општина при МПЦ, а секоја година расте бројот на верниците. Интересно е што покрај Македонците, по светиот крст во вода влегоа и повеќе православни верници од Србија и Црна Гора.
Ново на Сител
-
Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица
-
Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарска политика на Филипче
-
СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ закана за граѓаните
-
Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници
-
Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето, велат од Еуроњуз
-
Екипи и механизација на ЈП Македонијапат го расчистуваат снегот и ги одржуваат проодни патиштата
-
Двајца сопружници починаа во пожар во Крива Паланка