Околу 200 илјади млади луѓе во Србија се невработени
Околу 200 илјади млади луѓе во Србија се невработени, покажуваат податоците на српската Национална служба за вработување, изјави денеска раководителот на владиниот тим за социјална инклузија и намалување на сиромаштијата, Иван Секуловиќ.
- Тоа се 36 отсто проценти и тој процент ја става Србија на самиот врв на невработеноста меѓу младите, нагласи Секуловиќ и додаде дека Владата ќе создаде јасни планови за тоа како невработеноста да опадне до европското ниво од 15 отсто.
Тој нагласи дека во последно време има тенденции, но тие не се цврсти, со оглед на тоа дека младите планираат да работат во странство.
Секуловиќ истакна дека треба да биде олеснет патот на младите од образованието до вработувањето.
- Ќе се обидеме да создадеме партнерство меѓу образовните институции и приватни фирми, изјави Секуловиќ.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите