Околу 1.600 домаќинства аплицирале во Град Скопје за субвенции за набавка на инвертери
Исцрпени се средствата предвидени за субвенции за набавка на инвертери за 2019 година, односно до денеска до 15 часот се пристигнати околу 1.600 барања, информираат од Град Скопје.
-Со ова, условот за завршување на јавниот повик на Град Скопје е исполнет, а барањата на граѓаните за надоместување на дел од трошоците за набавка на инвертери за 2019 година вработените во архивата на Град Скопје утре нема да ги примаат, се наведува во денешното соопштение од Град Скопје.
Со јавниот повик Градот Скопје на граѓаните што имаат купено инвертер од 1 јануари 2019 година до денот на завршувањето на повикот ќе им исплати субвенции во износ од 50 отсто од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход. Овој повик се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Право на субвенционирање на дел од средствата за купување на инвертери во 2019 година имаат физички лица кои се жители на Град Скопје (општините во градот: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари) и кои имаат купено инвертер по 1 јануари 2019 до денот на завршувањето на повикот и поднесоа барање за надоместување на дел од трошоците за негова набавка.
Субвенционирањето на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување е активност предвидена во мерките од Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и е дел од мерките на Акцискиот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Интеграцијата на ЕУ да се темели на напредок, а не билатерални прашања
-
Тема на денот со професор Методи Хаџи Јанев
-
ВО ЖИВО: Мицкоски во Брисел на средба со Фон дер Лајен и Мишел
-
Борисов бара оставка од Николовски или крај на разговорите со Македонија
-
Албанските партии нема да седат мирни по укинувањето на балансерот, се најавуваат закони за правична застапеност
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од западно-нилска треска
-
Дефицитот од докторски кадар во ЈЗУ ќе се надоместува со приватни специјализанти
-
СДСМ: Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец