Loading Video...
Кошарка
28. January 2019 - 15:23

Оклахома го доби Милвоки во дербито, Лука Донџиќ во одбрано друштво на Џордан и „компанија“

Екипата на Оклахома го доби дерби дуелот против Милвоки, во синоќешната програма на НБА лигата која понуди седум натпревари. 
 
„Тандерси“  кои се трети на западот пред својата публика славеа триумф над првопласираниот тим на истокот Милвоки со 118-112.  Освен во воведните пет минути кога гостите имаа предност до крајот на мечот Оклахома беше тимот кој го контролираше резултатот. Дури шестмина играчи на Оклахома средбата ја завршија со двоцифрен број на постигнати поени, а најмногу 36 имаше Пол Џорџ кој придодаде и 13 скокови, додека Расел Вестбрук оствари „трипл-даби“ (13 поени, 13 скокови и 11 асистенции).
 
Второ пласираниот тим на истокот Торонто во неизвесен меч го победи Далас на гости со 123-120. Прв играч на натпреварот беше Лука Дончиќ кој оствари „трипл-дабл“ со 35 поени, 12 скокови и 10 асистенции, но недоволно домаќините да избегнат пораз. Сепак, Словенецот стана најмладиот играч во НБА лигата кој остварил  „трипл-дабл“ со постигнати над 30+ поени, а воедно и седмиот дебитант со 35 поени зад своето име, приклучувајќи им се на легенди како Оскар Робертсон, Мајкл Џордан, Џери Вест, Џејсон Кид, Стеф Кари, и Елџин Бејлор.
 
На останатите средби. Џејм Харден броеше до 40 поени во победата на Хјустон 103-98 над Орландо. Олдриџ со 30 и Бертанс со 21 поени го предводеа Сан Антонио до триумф против Вашингтон со 132-119. Младиот Хрват, Ивиза Зубац имаше „дбл-дабл“ со 24 поени и 16 скокови за ЛА Лејкерс кој го совлада Феникс со 116-102, а гостинска победа забележа Јута која во Минесота славеше со 125-111.