ОЈО: Три лица под сомненија за изнуда на пари од скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тројца осомничени за кривично дело – Изнуда од член 258 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, во периодот од 16 до 18 септември, првоосомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, употребил сериозна закана и присилил еден оштетен да му исплати 60.000 денари.
- Осомничениот му се претставил на оштетениот како припадник на криминална група и побарал да му даде 1000 евра за да го заштити од други луѓе кои претходно му барале пари. Истовремено му се заканил да не пријавува во полиција, бидејќи ќе го убие и ќе му ја запали куќата. Оштетениот првиот ден му дал 30.000 денари, бидејќи толку можел да извади од банкомат, а потоа сепак пријавил во полиција. Два дена подоцна, кога се договориле за преземање на остатокот од парите, банкнотите биле претходно крим-технички обработени. Веднаш по предавањето, осомничениот е уапсен на лице место и кај него се пронајдени парите, соопшти ОЈО.
Истрагата, како што с епосочува во соопштението, опфаќа уште две лица за кои, согласно доказите обезбедени до овој момент, обвинителството дојде до основано сомнение дека претходно, во текот на август и септември годинава, во повеќе наврати изнудувале пари од истото лице. Тие го уверувале дека парите посредно се наменети за други лица, со цел да не му наштетат нему и на неговото семејство, со што постои сомнение дека го присилиле да им исплати вкупно 27.000 евра.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје синоќа достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен кој беше фатен на лице место при извршување на кривичното дело, како и мерки на претпазливост – задолжително јавување во суд и забрана за приближување до оштетениот и неговото семејство за другите двајца осомничени.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
-

Божиќна честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко - скопски епарх
-

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја
-

Поради неисполнување на хигиенски услови, затворени девет новогодишни куќарки во струшката чаршија
-

Тројца тетовчани се обиделе да измамат полицајци со лажна сообраќајка
