Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп по вооружениот инцидент на синоќешната вечера со дописниците од Белата куќа изјави дека тоа нема да го одврати од војната во Иран, иако претпоставува дека пукањето не е поврзано со конфликтот.
-Тоа нема да ме спречи да победам во војната во Иран. Не знам дали пукањето имало некаква врска со тоа, но врз основа на она што го знаеме досега, навистина не мислам така, истакна Трамп по инцидентот на прес-конференција.
Сепак, Трамп претходно рече дека „никогаш не се знае“ дали нападот е поврзан со конфликтот во Иран. Тој нагласи дека истражителите сè уште ги утврдуваат мотивите на напаѓачот, кого го опиша како „осамен волк“.
„Си-би-ес њуз“ (CBS News) го објави идентитетот на осомничениот напаѓач на синоќешната вечера со дописниците од Белата куќа, поради што Трамп и првата дама Меланија беа евакуирани од салата и однесени на безбедно место.
Напаѓачот е идентификуван како 31-годишен маж Кол Томас Ален од предградие на Лос Анџелес.
По инцидентот тој е под полициски надзор во болница каде му се пружа лекарска помош.
Главниот обвинител Тод Бланш изјави дека формалните обвиненија против напаѓачот ќе бидат поднесени „многу наскоро“.
Агентот кој го запрел напаѓачот завршил во болница. Тој бил погоден во панцирот и е болница.
МИА
Ново на Сител
-

МВР на „SAHA Expo 2026“: Потврдена стратешката соработка со турската полиција
-

„Опен-АИ“ ќе потроши 50 милијарди долари за компјутерска моќ во 2026 година
-

Рубио најави средба со папата Лав XIV, во фокус верската слобода
-

Утринските температури над нула, најтопло во Виница и Крушево
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со изведување материјални докази од Обвинителството
-

Конференција „30 години на европскиот пат: Односите Македонија-ЕУ и патот напред“
-

СЗО: Можно е пренесување на хантавирусот од човек на човек на крузерот
-

Денеска е Св. великомаченик Георгиј (Ѓурѓовден) - празник на обновување на природата и животот
