Македонија
9. December 2023 - 16:38

Охридски хотел ги затрул гостите со хлор - две деца и петмина возрасни во болница

Труење со хлор во елитен хотел на брегот на охридското езеро.Петмина возрасни и две малолетни деца откако го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење .Дел од нив  завршија во болница во Охрид а дел беа препратени  во Струга од каде велат дека  се во  добра здравствена состојба по земените соодветни испитувања и дадената терапија се пуштени на домашно лекување.

За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид.

Од охридската полиција велат дека се работи на расчистување на случајот.