Спорт плус
9. September 2022 - 19:46
Охридската приказна му припаѓа на градот Охрид
СЕ е подготвено за утрешната трка од 35-тото издание на Охридскиот пливачки маратон со што ќе продолжи традицијата на овој прекрасен и важен спортски настан за градот Охрид.
Денеска во просториите на општината во Охрид се одржа технички состанок на кој беше истакнато дека патеката е во целост подготвена и се разгледуваа сите детали со учесниците на маратонската трка.
Организаторот истакна има одредени измени на патеката поради најавите за ветровито време но должината на патеката од 25 километри ќе биде запазена.
Од тие причини можно е и поместување на стартот за половина час инаку најавен за 10 часот и тоа поради непредвидливоста на временските услови и езерото во месец септември и пред се должината на денот.
За охриѓани е важно што маратонот се враќа дома и оваа година е во организација на општината и треба да си остане охридска приказна, а АМС, федерацијата и кабинетот на претседателот да ги решаваат проблемите на друго ниво.
Оваа година на маратонот ќе пливаат осум натпреварувачи од пет земји.
Наградниот фонд изнесува 10 000 долари, а го обезбеди Агенцијата за млади и спорт. Сите трошоци околу организацијата на манифестацијата ги покрива Општина Охрид од сопствени средства и со поддршка на спонзори и помагатели.
Стартот е во Св. Наум, додека целта е на кејот во Охрид. Ќе се плива на патеката „Климе Савин долга 25 километри.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->