Македонија
15. February 2021 - 12:34

Охрид: Во ТЦ Амам секој си гради каде сака – Надлежните се прогласија за ненадлежни

Трговскиот центар Амам кој се наоѓа во границите на заштитената споменична целина во Старото градско јадро го губи својот лик. Сопствениците на деловните објекти и дуќани револтирани велат дека преку ноќ ходниците, терасите и подрумите се преградуваат од страна на поедници, а заедничките влезови и простории се претвораат во кафулиња. Со поставувањето на монтажна урбана опрема се менува фасадата на Амамот во Охрид.

Сто и дваесетте сопственици на дуќани во ТЦ Амам за овој проблем реагирале до сите надлежни институции уште во декември 2019 година но од сето тоа се уште ништо.

И покрај тоа узурпациите продолжуваат со издавање на документации за продажба на заедничките простории.        

Од Завод и музеј велат дека извршиле увид по барање на сопствениците на дуќани во февруари минатата година и констатирале нелегални активности кои го менуваат фасадниот изглед на објектот за што ја известиле Управата за заштита на културно наследство, од државниот градежен испекторат пак на став дека не се работи за градба каде се вршат градежни зафати, туку за нерешени меѓусопственички работи за кои заедницата на сопственици меѓусебно треба да ги реши, бидејќи како што посочуваат за ваквите дејствија градежната инспекција нема надлежност за постапува соглано законот за градење.