Македонија
3. April 2024 - 12:28

Охрид ќе добие дневен центар за деца со посебни потреби

Надминати се административните бариери, Охрид конечно ќе добие Дневен центар за деца со посебни потреби. Просторот до Инклузивната игротека „Радост“ ќе се доопремува. Во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги до јули годинава се очекува и овие лица да го добијат заслуженото катче каде ќе се социјализираат, згрижуваат и дружат.

Дневниот центар ќе биде обезбеден со ортопедски помагала и опрема, а во него ќе работат стручни лица - дефектолог, психолог, логопед, физиотерапевт и негуватели.

Дневниот центар за згрижување на децата со посебни потреби, кој што ќе се наоѓа во просториите на поранешната касарна во Охрид ќе им го олесни секојдневието на овие лица тие ќе може да излезат надвор од изолацијата во своите домови.