Охрид има потреба од нов Ургентен центар
Нов ургентен центар бараат докторите од Охрид тие велат дека со новиот систем на менаџирање двојно е зголемен обемот на работа ,повредените пациенти особено оние од сообраќајни несреќи брзата помош е должна да ги носи на хируршкото оделение тука првично се згрижуваат и се дијагностицираат повредите а потоа се одредува дали ќе се задржат во општата болница на лекување или пак доколку имаaт скршеници во болницата за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо.
Хируршкото одделение има доволно персонал, но и полни раце работа во овој период од годината кога градот е преполн со туристи.
Од Општата болница велат дека уште пред почетокот на сезоната биле разгледани сите можности за поефикасно делување на медицинските тимови за работа така што склучени се договори со струшката и битолската болница анестезиолози според однапред утврден план да доаѓаат на работа во Охрид.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
