Охрид го одбележува денот на својот заштитник
Охрид го слави заштитникот на градот Свети Климент Охридски .Со бројни настани и свечености се одбележува 8 декември градоначалникот Пецаков на свечената академија истакна дека Свети Климент, е паметник на македонскиот дух, неговото дело е вечен израз на македонската гордост, а неговата визија за знаењето стана најважниот дел од нашата национална свест.
Највисокото општинско признание наградата “Св. Климент Охридски – патрон на Охрид“, годинава му беше доделена на Поетот, драматургот и романсиерот, амбасадорот Јордан Плевнеш, имајќи ја предвид импозантната биографија , неговото животно дело и неговата завидна научна дејност во драматургијата и неговата афирмација на Охрид и Република Македонија насекаде во Светот.
Добитници на повелбaта „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“ за оваа година се манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, постхумно неодамна починатата спикерка на Радио Охрид, Леонора Чекреџи и младата спортска надеж на Охрид, таеквондистката Христијана Парулеска.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар