Охрид домаќин на 54. Балкански фестивал на народни песни и игри
Традиционално со целовечерен концерт на Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“ на летната сцена „Долни Сарај“ во Охрид вечер почнува 54. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.
Покрај „Танец“ во петте фестивалски денови ќе настапат познати ансамбли и културно уметнички друштва кои ги негуваат традиционалните песни и игри од Хрватска, Турција, Полска, Србија, Унгарија, Северен Кипар, Бугарија, нашите иселеници од Торонто и ансамбли од Охрид, Вевчани и село Драмче од Македонија.
Утре настапи ќе имаат ансамблите „Шиљаковина“ од Нова Горица, Хрватска и „Истанбул – Кадикој“ од Турција. На 8 јули ќе настапат ансамблите „Лани“ од Познан, Полска , „Македонка“ од Торонто и „Вила“ од Нови Сад. Следниот ден ќе се претстават КУД ,„Копачка“ од село Драмче и Ансамблот „Бартина“ од Сегзард Унгарија. Во петок ќе настапат ансамблите „Дримкол“ од Вевчани и од Кирениа, Турската Република Северен Кипар и КУД „Гердан" од Охрид. Последната фестивалска вечер е резефвирана за ансамблите „Софија 6“ од Софија и „Отексфолк“ од Охрид.
Мисијата на Фестивалот, според директорката на Центрот за култура „Григор Прличев“ Драгана Боцеска, е зближување на културите и народите преку фолклорот како најголем репрезент и амбасадор на секоја земја од учесничките. Секој ансамбл доаѓа со свој оркестар и сопствена кореографија специфична за неговата земја.
Фестивалот кој се одржува со поддршка на Министерството за култура, под покровителство на Собранието на Република Македонија, предвидено е да го отвори претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Фестивалските вечери почнуваат од 21 часот, на сцената Долни Сарај, а влезот е слободен.
Балкански фестивал на народни песни и игри е најстара фолклорна манифестација во регионот. Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на УНЕСКО на најзначајни фолклорни манифестации во светот.
Во изминатите педесетина години на Балканскиот фестивал гостуваа околу 50.000 пејачи, играорци и инструменталисти од Македонија, регионот и светот.
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд