Ограничување на негативните последици од Договорот од Преспа во приоритетите на грчкото МНР

Ограничување на негативните последици од Договорот од Преспа и европската перспектива на Западен Балкан се дел од седумте итни приоритети на грчката Влада во однос Министерството за надворешни рабои на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Кирјакос Мицотакис на денешната прва седница на Владата на секој од министрите им подели по еден син коверт/папка што се однесува на „целите на секое министерство, но и на нерешените прашања и на обврските што ги остави претходната влада”.

Во Министерството за надворешни работи стратешки избор е „зајакнување на позицијата на Грција во светот”. Итните владини приоритети, како што објави МИА се: надградување на грчкото присуство во Европската унија со суштински придонес во институционалната дискусија за иднината (Брегзит, одбрана итн), зајакнување на врските на земјата со традиционалните сојузници и истовремено одржување на отворените канали за комуникација и меѓународната соработка под услови на меѓусебнопочитување и интересстабилизација на земјите од Западен Балкан преку промоција на нивната европска перспектива, ограничување на негативните последици од Договорот од Преспа, интегрирање на засебните структури за екстровертност во една единствена структура (формирање структура во Министерството за надворешни работи) и поддршка на екстровертноста на бизнисите (брзо враќње на ДДВ,работно време на царините итн.)
Секое од министерствата има свои цели и стратегии што треба да се постигнат.
Заедно со стратегијата за секое министерство, како што утрово рече Мицотакис на првата владина седница, во коверите/папките до министрите има и „програма со активности до декември, шестмесечен план со иницијативи, како и специјален формулар со идеи и предлози” на министрите во пресрет на презентацијата на владината програма во Парламентот и објасни дека ќе постои електронски систем за следење на напредокот во секоја област.
Ново на Сител
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
-

Гаши-Варнс: Поддршка за реформите и стратешкото партнерство со САД
-

Рубио: Во наредните часови очекувам Иран да презентира сериозен предлог
-

Делегација на Собранието учествува на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот
-

МОН: Демографските промени бараат оптимизација на училишната мрежа и мобилност на наставниот кадар за поквалитетно образование
-

Божиновска: Ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата
-

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава
