Бугарскиот Парламент денеска гласа за кабинетот на мандатарот Румен Радев

Бугарскиот Парламент се очекува денеска да го изгласа предлог-кабинетот на кандидатот за премиер Румен Радев, номиниран од партијата „Прогресивна Бугарија“.
Претседателката Илијана Јотова вчера му го врачи првиот мандат за состав на влада на Радев, како претставник на најголемата пратеничка група во 52. Народно собрание, кој веднаш го врати мандатот како исполнет. Предложената владина структура предвидува четворица вицепремиери и 18 министерства, при што три ресори – за економија, за иновации и за електронско управување, се планира да се преструктурираат во две министерства.
– Ова не е само оптимизација и реално кратење на администрацијата, туку пред сè го правиме за да ја подобриме работата на владата, да обезбедиме подобри услови за инвестициите и бизнисот, како и да ја забрзаме дигитализацијата – изјави Радев.
Партијата „Прогресивна Бугарија“ располага со мнозинство од 131 пратеник во 52. Народно собрание. Сепак, опозициските партии ГЕРБ-СДС, „Демократска Бугарија“, „Продолжуваме со промената“ и „Преродба“ веќе најавија дека нема да го поддржат новиот кабинет, додека од ДПС засега се без коментар.
На денешната седница на Народното собрание, покрај изборот на влада, на дневен ред е и формирањето на привремени комисии за буџет и финансии, како и за правни прашања.
МИА
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
