Македонија
1. September 2016 - 13:34

Ограбена старица во Скопје додека лежела неподвижна од мозочен удар

Вчера во периодот од 01.30 до 12.00 часот во Скопје во стан на ул.„Стокхолмска“, сопственост на Љ.С. (78), непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот  се качил на балконот, го скршил прозорецот, влегол во станот, извршил пребарување и во спалната соба пронашол ковчег, кој насилно го отворил и од него одзел 150.000 денари и 1. 250 американски долари.

После тоа сторителот незабележан од никого го напуштил местото на настанот. Кога сторителот влегол во станот била присутна и оштетената Љ.А., која лежела во креветот неподвижна и некомуникативна како последица на мозочен удар и скршеница на ногата.

Увид на местото на настанот, во присуство на синот на оштетената, извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.