Ограбена старица во Скопје додека лежела неподвижна од мозочен удар
Вчера во периодот од 01.30 до 12.00 часот во Скопје во стан на ул.„Стокхолмска“, сопственост на Љ.С. (78), непознат сторител извршил тешка кражба.
Сторителот се качил на балконот, го скршил прозорецот, влегол во станот, извршил пребарување и во спалната соба пронашол ковчег, кој насилно го отворил и од него одзел 150.000 денари и 1. 250 американски долари.
После тоа сторителот незабележан од никого го напуштил местото на настанот. Кога сторителот влегол во станот била присутна и оштетената Љ.А., која лежела во креветот неподвижна и некомуникативна како последица на мозочен удар и скршеница на ногата.
Увид на местото на настанот, во присуство на синот на оштетената, извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
570 возачи казнети во Скопје: 150 за брзо возење, 22 без возачка, 4 возеле со забрана
-
Ѓорѓиевски: Ако станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во првиот круг
-
Балтичките земји се исклучуваат од руската електро-мрежа
-
Хамас ослободи уште тројца заложници, се очекува пуштање на 183 Палестинци од израелски затвори
-
Давал пари на заем и наплатувал несразмерна камата, уапсен лихвар во Битола
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав