Македонија
25. September 2015 - 14:30

Ограбена бензинска во кумановско Скачковце

Две непознати маскирани лица рано утрово околу 3:30 часот одзеле 10.000 денари од бензиската пумпа „Авиа Оил“ во село Скачковце, Кумановско.

Како што соопшти МВР, разбојништвото го сториле откако и се заканиле на вработената со огнено оружје по што го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. мч/паг/12:33