Бизнис
15. March 2016 - 20:00

ОЕЦД: Македонија лидер во регионот по конкурентност

Македонија е лидер во регионот според конкурентноста. Ова го покажува последниот извештај на Организацијата за економска соработка и развој. Извештајот прави анализа на 15 клучни реформски политики кои влијаат на подобрување на конкурентноста. Во шест од нив земјата е прво рангирана, во пет е втора. Владата ќе продолжи со реформите за подобрување на конкурентноста, вели вицепрмеиерот Пешевски. За таа цел е и акцискиот план за периодот до 2020 година.

- За тоа во Буџетот имаме издвоено над 130 милиони евра со кои се планира имплементација на 48 мерки. Но, подготвени сме и да ги видиме препораките од ОЕЦД кои се во насока сите мерки што ги преземаме да дадат уште поефективни резултати за подобрување на конкурентноста на македонските компании, а со тоа и на нашите работници, нивно поголемо вклучување во додавање поголема додадена вредност и подигнување на животниот стандард на сите во земјата, рече Пешевски.

Целта на извештајот е да му помогне на регионот на ЈИЕ да се извлече од просечноста. Тој треба да им помогне на владите да видат во кој правец треба да се движат реформите за да се подобри конкурентноста и благосостојбата на граѓаните.

- Условите за инвестирање во Македонија се добри. Имате силна Агенција за промоција на ивестиции која спроведува добри активности на тоа поле, рече Паиќ, додавајќи дека е потребна и соработка помеѓу Владата и приватниот сектор за да се обезбеди работната сила што ќе ги има вистинските вештини за работите што се нудат.

Извештајот за земјава нотира дека има напредок во дело на иновациите, дека се потребни реформи во образованието кое ќе создава кадар според потребите на бизнисот.

Најдобро рангирана Макеоднија е во областите: трговска размена, развој на дигиталното општество, транспорт, пристап до финасии, даноци и јавни услуги. Освен земјава, анализирани се и Србија, Црна Гора, Босна, Албанија  и Косово.