Македонија
25. November 2015 - 12:33

Одобрена четврта емисија долгорочни хартии од вредност на „11 Октомври-Еурокомпозит“

Друштвото за производство на производи со посебна намена „11 Октомври - Еурокомпозит" ад Прилеп од Комисијата за хартии од вредност (КХВ) доби одобрение да издаде четврта емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.

Станува збор за 128.702 обични акции во вредност од 40.553.457,00 денари, информира по денешната седница КХВ.

Со четвртата емисија на акции, појаснува КХВ, се врши зголемување на основната главнина на „11 Октомври - Еурокомпозит" АД Прилеп со непаричен влог, наменета за Република Македонија, со што акциите ќе бидат преземени од страна на Владата на РМ како институционален инвеститор.

На седницата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија воедно се обновени пет дозволи за работење со хартии од вредност.