Македонија
25. October 2018 - 14:54

Одобрен е производот Vigorix intense, не е лек

 Производот Vigorix intense, 30 капсули,  произведен од „Herba Medica d.o.o Preserska cesta 5, 1235 Radomlje, Словенија”, увезен и ставен на пазарот во Р. Македонија од страна на операторот со храна „Бионика Фармацеутикалс“, доо ул. Скупи бр.15, 1000 Скопје”  е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство како додаток на исхрана со Мислење бр. 18-5274/2 од 28.07.2015.

– Производот е одобрен по утврдување на усогласеноста на приложената документација за производот со националните прописи кои се однесуваат за оваа група на производи и документите – Известување од Агенцијата за лекови и медицински средства – Скопје и Стручното мислење од страна на Институтот за предклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија при Медицинскиот факултет од Скопје дека производот не е лек, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство.